Драма во финалето: Пионерите на Аеродром се нови прваци на Македонија

Младите ракометари на РК Аеродром ја освоија титулата ви пионерска конкуренција откако во финалето на Ф4 турнирот со 21-20 го победија тимот на Голден Арт.

Малата сала во СЦ „Јане Сандански“ немаше место да ги прими сите кои сакаа да го проследат финалето на најдобрите екипи во Македонија кои до пред овој меч немаа загубено натпревар. Громогласно навивање, поддршка, и пред се борбена игра на двете екипи, одлични за гледање на оние што беа во салата.

Организаторот на Ф4 турнирот, РК Аеродром имаше водство во речиси целиот меч, на моменти и со „плус 8“, во вториот дел што се покажа како решавачки за крајниот исход. Играчите на Голден Арт на моменти импресионирани од важноста на средбата, правеа технички грешки кои „домашната Екипа“ знаеше да ги казни.

На седум минути до крај на средбата Голден Арт со серија од 4-0 за момент се вратија во игра и намалија на 14-18. Но, потоа Аеродром погоди за 19-14. Гостите на 4,5 минути до крај на мечот намалија на 19-15 со надеж дека може да направат пресврт.

Драмата на теренот дојде во 17 минута кога Голден Арт намали на 19-17. Потоа играјќо пресинг украдо атопка и во контра намалија на 19-17, но веднаш Аеродром погоди за 20-17, на 180 секунди до крај на финалето.

Упорноста се исплатеше и на 90 секунди до крај предноста на Аеродром се намали на 20-19. Домашната екипа побара тајм аут, а мал хендикеп беше што еден од најдобрите играчи Борјан Благоев мораше три напади да биде на клупата бидејќи мораше да добие лекарска помош претходно.

На 60 секунди до крај Аеродром реализираше за 21-19, и тоа се чинеш е крај на надежите на Голден Арт дека може да направи пресврт. Со тајмаут тренерот Јаковче Матлиевски се обиде да донесе нова неизвесност. Голден Арт промаши пенал, но потоа дадоа гол за 21-20. Последните секунди имаше нова драма, домашните промашија, но веќе немаше време за нов напад.

Борјан Благоев со 8 гола и Матеј Бојаџиски со 6 беа најпрецизни кај Аеродром, а Горазд Дамчевски со 7 беше најпрецизен кај Голден Арт.