Милосављев збесна на голот, Пешевски и Штутгарт не можеа да ги надитрат „лисиците“

Тимот на Штутгарт, каде што игра македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски загуби на гостувањето кај Фуксе Берлин со 31-25.

Пешевски играше солидно на овој натпревар и успеа да постигне три гола од пет обиди. Кај Фуксе голманот Милосављев запиша дури 18 интервенции и не им даде никаква шанса на гостинските ракометари.

Вецлар, пак, каде што игра Филип Миркуловски прослави убедлива победа на домашен терен над составот на Балинген со 36-26.

Некогашниот македонски репрезентативец постигна еден погодок од еден обид.

Во вечерниот термин од Бундес лигата, ќе настапи и Филип Кузмановски со Хановер на мечот против Рајн Некар Левен.