Милосављев добива конкуренција, Фуксе Берлин ангажираше репрезентативец на Русија

Екипата на Фуксе Берлин, за која настапува поранешниот вардарец, Дејан Милосављев има нов голман, а тој доаѓа од Русија. Станува збор за голманот на оваа репрезентација, Виктор Киреев, кој имаше добар настап на последното Европско првенство кое се одржа во Унгарија и Словачка.

„Потписот на Виктор Киреев е важен дел од сложувалната за следната сезона. На последните два големи настани покажа за какви врвни настапи е способен. Како искусен голман може одлично да го надополни тимот. Фактот што одби многу други понуди и сакаѓе да дојде во Берлин зборува многу за неговата мотивација да биде дел од успехот со нас“, вели тренерот на Фуксе Берлин, Јарон Сиверт.

Киреев, кој е играч на ЦСКА Москва, потпиша за Фуксе Берлин, а ќе го облече дресот од јуни кога ќе стане поддршка за Милосављев. Двајцата ќе бидат добра конкуренција така што тимот добива уште посилен тим за следната сезона бидејќи во клубот доаѓаат и Данецот Матијас Гидсел и Швеѓанецот Макс Дарј.

Добро е познато дека во оваа екипа тренер на голманите е поранешниот тренер на голманите во Вардар, Дејан Периќ.