Милосављев го водеше Фуксе до убедлив триумф над Кристијанштад, победи за Ним и Висла Плоцк

Во рамки на 1. коло од Лигата на Европа на натпреварите во вечерниот термин фаворитите имаа сигурни изданија и ги запишаа првите бодови. Победи остварија Фуксе Берлин, Ним и Висла Плоцк.

Бундеслигашот Фуксе Берлин имаше убедливо издание против Кристијанштад на домашен терен и славеше победа со резултат 30:23. Во првиот дел гостита пружија добар отпор и имаа само три негатива 15:12. Во продолжението целосно доминираа „лисиците“ и остварија убедлива победа. Милош Вујовиќ беше во тимот на Берлин беше најефикасен со осум гола, додека Дејан Милосављев одбрани 11 удари.

Татран Прешов на свој терен доживеа пораз од францускиот Ним од 22:28. После првиот дел гостите имаа водство 10:14, кое во продолжението го зголемија. Татран можеше да претрпи и повисок пораз, но во финишот успеа да ја намали негативата. Вид Кавтичник го водеше Ним до победата со седум погодоци, а голманот Десбон имаше 13 одбрани.

Вицешампионот на Полска, Висла Плоцк беше подобар од австрискиот претставник Фиверс со 32:23. После првиите 30 минути домашниот тим водеше со два гола предност, 17:15. Но во продолжението Висла одигра многу подобро и забележа сигурна и убедлива победа. Извонреден и најзаслужен за победата во тимот на Висла беше Михал Дашек со 12 погодоци.