Мешков Брест пред потпис со шпански репрезентативен голман

Голем број ракометари после ситуацијата со белоруските и руските клубови го напуштија Мешков Брест, а сега пристигнува најава и за уште едно засилување во белорускиот состав за наредната сезона. Шпанска „Марка“ пренесува дека голманот Сергеј Ернандез постигнал договор со Мешков.

Сергеј е ракометар роден во градот Кропоткин, но на рана возраст бил посвен од шпанско семејство и го носи нивното презеиме. Претходно со Мешков потпишаа двајца Шпанци, Агустин Касадо и Гонзало Перез Арсе.

Мешков претходно го напуштија тренерите Даниел Гордо и Нуно Фарел, како и ракометарите, Јака Малус, Павел Пачковски, Баптис Бонфон и Владимир Врањеш. За Врањеш нема потврда дека го раскинал договор, меѓутоа тој ја напушти Белорусија и во овој период е со семејство во Босна.

Очигледно дека ситуацијата во Украина ќе биде причина во наредната сезона да го гледаме Мешков со големи промени во ростерот.