Мешков Брест на плажа се подготвува за мечот во Битола (ФОТО)

Белорускиот првак Мешков Брест продолжува со подготовките за првиот официјален натпревар пред стартот на новата сезона во регионалната СЕХА лига.

Покрај стандардните тренинзи во салата „Викторија“, за гостувањето кај Еурофарм Пелистер, ракометарите имаа тренинзи на плажа.

Мешков Брест ова лето претрпе многу измени во ростерот, па тренерот Дмитри Тихон, ќе има голем предизвик да ги воигра сите нови ракометари.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Мешков Брест што носи место на Ф4 во СЕХА, се игра на 25 август во Битола во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:15 часот.