Мешков Брест најде замена за Скубе

Белорускиот шампион Мешков Брест ја најде замената за словенечкиот среден бек Сташ Скубе во ЦСКА Москва.

Нов плејмејкер на тимот ќе биде Александар Подшивалов, белоруски репрезентативец кој минатата сезона беше дел од рускиот вицепрвак.

Тој потекнува од Витјаз, беше дел од СКА Минск, пред во 2018 година да се пресели во бундеслигашот Минден каде мина три сезони.

26-годишниот Белорусин е шесто засилување за Мешков Брест, кој ќе се натпреварува во домашната конкуренција, во руско-белоруската лига и во СЕХА лигата.

Претходно потпишаа голманот Заболотин од Краснодар, бековите Соловјев и Артамонов од полска Гвардија, односно Акбузат, како и пикерите Тарасевич од Машека и Клименко од Гвардија.