Мешков Брест го победи СКА Минск и слави трофеј во СЕХА!

Ракометарите на Мешков Брест со победата над СКА Минск од 32:31 (19:17) го освоија трофејот на Ф4 турнирот во дивизијата „Исток“ од регионалната СЕХА лига.

Белорускиот шампион од готово направи вересија, па така последните минути поминаа во голема неизвесност.

СКА Минск на седум секунди пред крајот не успеа да организира добар напад за израмнување, а тоа значеше голема радост за избраниците на Едуард Кокшаров.

Бронзнеиот медал на Ф4 турнирот, кој беше одигран во Санкт Петербург, го освои екипата на Чеховски Медведи, која во натпревар со многу погодоци, вкупно 70, го совлада Пермски медведи со 40:30.