Мешков Брест ги „преживеа“ Пермски Медведи, ќе има белоруско финале на СЕХА

Ривал на СКА Минск во финалето на завршниот турнир од дивизијата „Исток“ во СЕХА лига ќе биде Мешков Брест.

Белорускиот првак славеше во второто полуфинале од Ф4 во Санкт Петербург против Пермски Медведи со 34-33.

Скоро целиот натпревар беше изедначен, момците на Едуард Кокшаров во финишот поведоа со три гола, а рускиот тим намали во последната минута на минус еден, но немаше време за нешто повеќе.

Јунак на Мешков Брест беше голманот Денис Заболотин кој имаше 23 одбрани, а шест гола даде Николај Алјохин. Кај Пермски Медведи се истакна Јури Семенов со осум погодоци.

Во финалето в четврток во „Сибур Арена“ ќе играат Мешков Брест и СКА Минск за титулата во дивизијата „Исток“ од СЕХА лигата.