Мец убедливо до трофејот во Купот и двојната круна во Франција

Ракометарките на Мец остварија победа во финалето од Купот на Франција против екипата на Бесансон со 33:23 и го освоија 10. трофеј во ова натпреварување.

Мец доминираше во финалниот дуел и имаше целосна контрола на резултатот. Уште после првите 30 минути, Мец беше многу блиску до трофејот кога водеше со 15:9.

Бесансон немаше сили да се врати во натпреварот ниту да пружи поголем отпор на шампионот. До крај на мечот рутински одиграа ракометарките на Мец за освојување на Купот и двојната круна во Франција.

Најефикасна во победничкиот тим беше Валентини со пет гола, додека по четири постигнаа Де Паула, Нгуан и Хорачек. Добро издание на голот на Мец имаше Капитановиќ со осум одбрани. Во екипата на Бесансон се истакна Зазаи со десет гола.