Мец може да ги врати Заади и Грос

Екипата на Мец за следната сезона би можела да се засили со репрезентативката на Франција, Грас Заади, која се најде во изборот на ИХФ за најдобра ракометарка за 2021 година. Покрај Заади, во францускиот клуб може да се врати и Ана Грос, пишува „Republicain-Lorrain“.

Заади во Мец играше десет години, од 2010, па сѐ до 2020 година. По настапите за Мец направи трансфер во Ростов Дон од Русија. Сепак конфликтот меѓу Русија и Украина, кој предизвика заминување на неколку странски играчи од руските клубови, би можел да има големо влијание за нејзино заминување од Ростов Дон.

За потсетување, сите клубови од Русија кои учествуваа на европска сцена добија суспензија од страна на ЕХФ. Ростов Дон во Лигата на шампионите обезбеди пласман во четвртфиналето, но поради санкциите од ЕХФ нема да има шанса да се бори за титулата.

Раководството на Мец освен со Заади, преговара и со Ана Грос. Десниот бек од Словенија пред извесен период го раскина договорот со рускиот шампион, ЦСКА Москва. Грос најголемиот дел од својата кариера го мина играјќи за француските клубови Мец и Брест Бретањ.

Во сезона 2020/21 беше прогласена за најдобар стрелец во Лигата на шампионите со 135 постигнати погодоци во дресот на Брест Бретањ. Искусната репрезентативка на Словенија по заминувањето од ЦСКА Москва е на радарот на голем број моќни клубови.