Металург со сè помал ростер, остана и без Абдула Мане

После заминувањето на браќата Оливие и Кевин Њокас кои се преселија во редовите на Вардар, тимот на Металург остана и без Абдула Мане кој нема да биде дел од составот за утрешниот дуел против Радовиш во рамки на 7. коло од Лигата на шампионите.

Мане беше ангажиран за да биде поддршка за Њокас во нападот и да биде играч кој ќе даде дополнителен квалитет за одбраната. Тој доби можност за поголема минутажа од онаа што се очекуваше, но финансиските проблеми беа поголеми така што нема да биде повеќе дел од клубот.

Јасно е дека проблемот е од финансиска природа и дека поради ова го напушта клубот, а сега се зголемуваат проблемите и за тренерот Иван Марковски, кој ќе мора да најде солуција бидејќи остана со уште подефицитарен број на бекови.

Како ќе се снајдат металурзите ќе се види веќе утре кога Металург игра проти Радовиш во салата во „Автокоманда“ од 18 часот.