Металург се прошета низ Прилеп

Ракометарките на Металург забележаа уште една убедлива победа во Женската лига, откако славеа на гостувањето кај Деспина во Прилеп со 38-18.

Победникот беше најавен уште во првиот дел. По 11-6 за гостинките од Автокоманда, направија уште една серија од шест гола по ред за 17-6 и веќе немаше дилеми кој ќе слави. На пауза беше 19-7 за Металург.

Второто полувреме не донесе ништо ново на теренот. Јулијана Дамчевска им даде шанса на повеќе ракометарки, но предноста во корист на нејзиниот тим растеше до конечните 20 разлика.

Најдобри стрелци во екипата од Автокоманда беа Мила Трајковиќ со десет гола, како и Ива Божиноска и Елена Ивановска со по седум погодоци. Кај Деспина, десет гола постигна Михаела Петреска, а седум постигна Адела Еленин.