Металург на силен турнир во Словачка, ќе игра против Хувента, Јагодина…

Тимот на Металург пред стартот на новата сезона во Женската лига и настапот во Европа ќе има силни проверки.

Ракометарките на Јулијана Дамчевска ќе бидат дел од силниот турнир во Словачка, кој го организира шампионот Хувента.

Покрај домаќинот и Металург, учество на турнирот ќе земат и српскиот тим Јагодина, како и полскиот Јарослав. Турнирот е на програмата од 12 до 14 август, а ќе се игра по принципот секој со секого.

Тимот од Автокоманда кој минатата сезона го освои трофејот во Купот на Македонија нема да има големи промени во ростерот и повторно ќе биде во најтесна конкуренција за македонските титули.

Во Европскиот Куп, Металург ќе игра со шампионот на јужниот сосед, ПАОК Солун, во второто коло.

Турнир Михаловце, распоред на натпревари:

12/8, 18:15, Металург – Јагодина
13/8, 18:15, Металург – Хувента
14/8, 09:30, Металург – Јарослав