Металург најдобро сезонава, со фуриозен почеток до големи три бода во Охрид

Ракометарите на Металург го одиграа најдобриот натпревар сезонава во Супер машката лига, а после фуриозниот почеток на средбата во Охрид и предност од дур седум гола успеаја до крај да издржат и да дојдат до победа од 29:24.

Металург беше подобриот противник во текот на сите 60 минути и покажа дека и со намален ростер може да парира и да се бори против другите тимови.

Решавачки за овој натпревар беа првите 20 минути во кои составот на Металург успеа да создаде предност од 8:1. Ова беше период во кој тимот на Охрид никако не успеваше да фати ритам. Одеше премногу тешко и не можеше да се фати приклучок. Охриѓани во нападот играа многу тешко. Имаа неколку грешки, а покрај тоа имаа проблеми и да го совладаат Дупјачанец. Секогаш кога немаше грешка тој беше на место, па затоа до 22. минута домашните имаа само еден гол.

Откако го постигнаа вториот гол ракометарите на Охрид почнаа да играат нешто подобро, но останаа на негатива која тешко можеше да се достигне. Металург контролираше, па на одмор замина со предност од 12:6.

Овие шест гола беа сосема доволни за да може во продолжение да се одигра смирено и да се има целосна контрола на играта.

Домашните се стабилизираа, успеаја да останат на негативата од првиот дел, но никако не можеа да одиграат подобро односно да направат чекор напред за да стигнат до разлика со која би фатиле приклучок. Металург остана главно на плус шест и до крајот контролираше за успешно финиширање на  овој дуел.

Охрид дури во последните 2-3 минути успеа да намали, но беше предоцна за да може да се очекува нешто повеќе на овој дел. Металург остана во позитива и го реши натпреварот со 29:24 со што освои три многу важни бодови.

23 октомври 2021
24 - 29
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
23 октомври 2021 19:19 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 23.10.2021 60'

Место

СРЦ „Билјанини извори“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ОХРИД624Пораз
МЕТАЛУРГ1229Победа

ОХРИД

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Јагош Брауновиќголман00
4Крсте Андоновскилево крило00
6Филип Кривокапиќцентрален бек06
8Наум Костовдесно крило00
10Филип Николовдесен бек00
11Мице Шилеговдесно крило05
12Христијан Коваческиголман00
14Михајло Младеновиќлев бек04
19Иван Тасескипивот02
21Филип Грубор-00
24Мартин Манасковлев бек03
34Мартин Ивановскицентрален бек00
35Николче Ристескилево крило01
44Стефан Додиќцентрален бек03
55Христијан Димитриескипивот00
77Алекса Милошевиќ-00
 Вкупно 024

МЕТАЛУРГ

# Играч Позиција Исклучување Голови
3Костадин Петровпивот13
4Александар Петковскидесен бек15
7Дамјан Субашевски-00
10Даниел Дупјачанецголман00
12Давид Брестовацголман00
13Златко Хорватдесно крило08
15Улисес Рибеиролево крило03
19Милан Лазаревскипивот02
24Халил Озтурклев бек16
28Андреј Митиќпивот00
33Бобан Каковскицентрален бек02
51Димитар Бардакоскиголман00
64Велко Маркоскилев бек00
 Вкупно 329

Officials

Судии:Делегат:
НАЧЕВСКИ ЃОРЃИ
НИКОЛОВ СЛАВЕ
КУРТОВИЌ ЦАНО

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515