„Металург му треба на македонскиот ракомет“

Тешката ситуација во која се најде екипата на Металург допринесе за турбулентни случувања во клубот, па место тимот да влезе со составот со кој се подготвуваше мораше со намален број на играчи. Сепак, работите се менуваат, а тренерот Марковски полека успева да го крене квалитетот на игра и со играчкиот кадар со кој располага.

„Во тешките моменти како човек на сè ти оди паметот. Сум размислувал, но во ниту еден момент не сум сакал да се откажам. Најлесно е да се откаже, но на Металург сега не му треба тоа туку му треба поддршка. Како тренер сум тука најголема поддршка, а тука се и играчите и раководството. Сите заедно мора да мислиме позитивно. Клубот е постојано е во криза и се споменува тоа и низ медиумите, но мора со позитивна мисла и нормално со поголемо внимание од сите страни да се врати каде му е местото. Јас сум тренер на Металург и ќе продолжам доколку раководството не мисли поинаку. Сета моја сила ќе ја искористам клубот да се стабилизира. Металург му треба на македонскиот ракомет. Не со 14 играчи туку со цел ростер и стабилен. Ќе треба време раководството да го врати таму каде што му е местото, а ние мора да помогнеме со резултати. Имаме сили и можеме да го нормализираме“, изјави Марковски за 24Ракомет.

Комплетната изјава и сите коментари на Иван Марковски можете да ги погледнете во продолжение.

Марковски смета дека кризата е минато: Во ниеден момент не сакав да се откажам, Металург ќе се врати на старите патеки