Металург мисли на иднината – собира млади таленти

ЖРК Металург, кој со години е база за производство на репрезентативки во сите старосни категории, е во постојана потрага по млади таленти.

Дел од тимот од Автокомана стана една од најперспективните млади ракометарки во нашата земја, Ива Младеновска, која игра на дефицитарната позиција десен бек.

Може да покрие и на десната крилна позиција, а во Металург дојде од екипата на ЖРК Алушовски.

Пред три дена, во Автокоманда се врати и левиот бек Милица Николиќ, која претходно беше дел од Вардар.