Металург го задржа левото крило – Милан Поповиќ и следната сезона во Автокоманда!

Црногорското лево крило Милан Поповиќ и следната сезона ќе биде дел од тимот на Металург.

Во Автокоманда тој дојде лани од битолски Пелистер и остави одличен впечаток низ натпреварите во Суперлигата и Купот на ЕХФ.

Претходно договорите ги продолжи Даниел Дупјачанец и Милан Лазаревски, а клубот ги донесе Момир Рниќ, Бранко Канкараш и Никола Потиќ.

Металург ќе биде македонски претставник во Лигата на Европа во следната сезона заедно со уште два клуба.