Мемов и Ангеловска сами го победија Кузман Вардар

Во натпревар од 6. коло од плеј-аут фазата во Женската лига, тимот на Шампион оствари рутинска победа над Кузман Вардар, триумфираше со 41:24 (18:12).

Ракометарките на Шампион до убедливата победа дојдоа со одличната игра во вториот дел.

Кузман Вардар парираше колку што можеше, но во второто полувреме  дојде до израз квалитетот меѓу двете екипи.

Најефикасни во победничката екипа беа Мила Мемов и Михаела Ангеловска. Двете ракометарки фактички беа најдобрите на теренот. Мемов постигна 14, додека Ангеловска десет погодоци.

Кај поразениот табор отскокна Нина Милевска, имаше  осум реализации во мрежата на домаќинот.