МВП на 8. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига – Немања Ѓурашковиќ (Куманово)

Левиот бек на Куманово, Немања Ѓурашковиќ, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 8. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига.

Црногорецот беше меѓу клучните ракометари во ремито на Куманово на домашен терен со тимот на Јуниор КВ.

Тој освои околу 36% од гласовите, а второпласираниот Дамјан Тутенкоски од Струга собра околу 24% од вашите гласови.

Во трка за МВП беа уште и Антонио Николовски, Гал Цирар, Мартин Серафимов, Јан Чувара и Марио Танкоски.