МВП на 5. Коло од Супер машката лига – Стефан Христоски (Прилеп)

Голманот на Прилеп, Стефан Христоски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 5 коло од Супер машката лига.

Христоски освои околу 41% од гласовите, а второпласираниот Мартин Димовски собра околу 35% од гласовите.

Голманот на Прилеп беше меѓу најзаслужните за првата победа на неговиот тим во суперлигашкото друштво.

Во трка за МВП беа уште и Ласко Андоновски, Мартин Серафимов, Стојанче Стоилов и Петар и Павле Атанасијевиќ.