МВП на 5. коло во Супер машката лига: Лука Вујовиќ (Металург)

Ракометарот на Металург, пивотот Лука Вујовиќ доби најмногу гласови во изборот за најдобар ракометар во 5. коло од Супер машката лига. Кај него завршија 39 проценти од гласовите, а имаше четири проценти повеќе гласови од голманот на Пелистер, Бобан Ристевски со кого беа во трка за првото место.

Зад нив останаа Реван Чантурија (Металург, 12%), Стефан Талевски (Пелистер, 6%), Ивица Илиев (Радовиш, 4%), Мирко Мајиќ (Бутел Скопје, 3%) и Денис Тот (Охрид, 3%).

Редакцијата на 24Ракомет и годинава ќе ви овозможи со вашите гласови да го бирате најдобриот ракометар во секое коло од првиоте дел на сезоната во кој ќе бидат одиграни 18 кола.

ДОСЕГАШНИ ИГРАЧИ НА КОЛО ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА, СЕЗОНА 2019/20

1.КОЛО: Стефан Додиќ (Металург)

2.КОЛО: Мартин Серафимов (Металург)

3.КОЛО: Давор Палевски (Работнички)

4.КОЛО: Крсте Андоновски (Охрид)

5.КОЛО: Лука Вујовиќ (Металург)