МВП на 3. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига – Владан Кастратовиќ (Куманово)

Средниот бек на Куманово, Владан Кастратовиќ, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 3. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига.

За интернационалец од Црна Гора ова е второ признание во продолжението од сезоната, откако во 1. коло, исто така беше избран за најкорисен играч.

Кастратовиќ освои околу 33% од гласовите, а второпласираниот Давор Шокоски од Прилеп собра околу 22% од гласовите.

Црногорецот со десет погодоци беше предводник на Куманово, кој во 3. коло од плеј-оф/аут фазата успеа да го победи Голден Арт со 26:25.

Во трка за МВП беа уште и Јагош Брауновиќ, Дејан Манасков, Ненад Костески, Лазар Адамовиќ и Дарио Симоноски.