Мартин Поповски и Цирих влегоа во победнички ритам

Екипата на Цирих во 2. коло од најсилната лига на Швајцарија беше подобра од Женева со три гола разлика, 21:18. На полувреме резултатот беше 13:10 за Цирих.

Со остварената победа над Женева, Цирих моментално се задржа на второто место со четири освоени бодови.

Во дресот на Цирих солидна партија имаше интернационалецот од Македонија, Мартин Поповски. Поранешното десно крило на Вардар и Пролет беше стрелец на три гола од четири обиди.

После овој дуел во 3. коло, Цирих на свој терен го пречекува составот на Винтертур. Доколку се задржи победничката серија и добрата форма, тогаш ракометарите на Цирих имаат големи шанси за пласман во најдобрите пет екипи.