Марко Вујин: Оптимист сум, ќе бидеме уште подобри

Десниот бек на Вардар, Марко Вујин денеска беше стрелец на три гола на дуелот против Војводина во победата од 25:21.

Одигра добар натпревар така што покажа подобра форма отколку во есенскиот дел од сезоната. После средбата против Војводина тој го искажа своето размислување.

„Многу важен натпревар за нас и добро е што го направивме тоа со победа. Ни се приклучија играчите кои беа на Светското првенство, но комплетни не успеавме да сработиме ниту еден тренинг, но најважно од сè е дека денеска освоивме два бода и дека победивме. Имаше добри работи, но и работи кои мора да ги поправиме. Уште сме тешки поради подготовките кои ги имавме. Одработивме 24-25 сериозни тренинзи и јас сум оптимист и сигурен сум дека ќе биде уште подобро“, изјави Вујин.

И него и неговите колеги ги очекува тежок период исполнет со големи натпревари, па секој играч е максимално потребен на теренот.