Марковски: Самодовербата се крена, фаќаме резултатски приклучок

Тренерот Иван Марковски е задоволен што неговите момци дојдоа до првата победа во Супер машката лига против Струга од 27:22 и после четири порази работите конечно тргнаа од „мртва точка“. Тој имаше позитивни коментари и верува дека ќе дојде до поправање на ситуацијата како ќе одминува времето.

„Драго ми е што против Струга направивме чекор плус и дојдовме до победа, која ни ја крена самодовербата и ситуацијата во клубот. После четири порази фаќаме резултатски приклучок. Првенството е сериозно и израмнето. Има многу изненадувања, а сите екипи се засилени. Не треба да напоменувам дека сме со проблеми. Ништо не е важно туку сега е најважно да го кренеме перформансот и квалитетот. Против Струга покажавме дека можеме. Така беше и против повеќето ривали. Водевме и имавме добри моменти, но резултатот беше четири порази“, коментираше Иван Марковски за 24Ракомет.

Комплетната изјава и сите коментари можете да ги погледнете во продолжение.

Марковски смета дека кризата е минато: Во ниеден момент не сакав да се откажам, Металург ќе се врати на старите патеки