Марија Николиќ oстанува во ПАОК, ќе ја игра 5. сезона кај шампионот

Интернационалката од Македонија, Марија Николиќ која настапува го екипата на ПАОК во првенството на Грција го продолжи договорот за уште една сезона.

Пикерот на македонската репрезентација ќе ја игра својата петта сезона во црно-белиот дрес. Таа за минатата сезона беше прогласена за најдобар пикер, а на гласањето сите 12 тренери од лигата гласаа за Николиќ.

Марија Николиќ е една од главните ракометарки на ПАОК изминатите сезони, а исто така имаше солидни изданија во ЕХФ Купот со својот тим. Таа после продолжувањето на договорот за сајтот на клубот изјави.

„Ова ќе биде петта година во дресот на ПАОК, а се чувствувам како да е прва. Секоја сезона треба да понуди посебни моменти, затоа верувам дека следната година ќе биде подобра кога ќе се вратат нашите навивачи на трибините. Амбициите на ПАОК и луѓето во клубот ме натераа да останам уште една година и да помогнам да освоиме нови титули. Верувам во добра сезона во Грција и Европа.

ПАОК следната сезона влегува со амбиции за освојување на нова титула во домашното првенство, а исто така и да се претставии во добро светло во европските натпревавувања.