Марин Шего ја напушта Франција, Бундес лигата е следна дестинација

Голманот на Монпелје и на репрезентацијата на Хрватска, Марин Шего секогаш бранел на високо ниво кога играл против Вардар, а веројатно дуелот кој ќе се игра во февруари ќе му биде последна како играч на овој тим против „црвено-црните“ бидејќи веќе има опција за нов клуб.

Од следното лето Шего би требало да се пресели во Бундес лигата, а негов нов тим е Гепинген.

Веќе се знае дека договорот со Гепинген ќе биде на две години, а првпат во кариерата ќе настапува во Бундес лигата. Досега Шего играше за Загреб, Висла, Келце, Пик Сегед и Монпелје.

За репрезентацијата на Хрватска има 57 средби и настап на последните големи натпреварувања.

Инаку, во Гепинген ќе дојде на местото на Словенецот Урх Кастелиц, а ќе брани во тандем со Даниел Ребман.