Мандалиниќ се искачи најгоре – го освои Пелистер (ФОТО)

Едно од засилувањата за Еурофарм Пелистер во новата сезона ќе биде хрватскиот интернационалец Стипе Мандалиниќ.

Левиот бек веќе неколку дена е во Битола, а утре ќе го има првиот собир со новиот тим, кој ќе биде мала хрватска колонија.

Тој веќе тренираше со неговиот сонародник Матео Мараш, кој исто така пристигна во градот на конзулите, а двајцата утрово се искачија на Пелистер, еден од највисоките врвови во Македонија.