Манасков со мал јубилеј во Веспрем (ФОТО)

Унгарскиот шампион Веспрем славеше над Металопластика со 36-29 во седмото коло од регионалната СЕХА лига и се зацврсти на врвот на табелата во групата Б.

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков беше дел од ростерот на победничкиот тим и постигна два гола.

Со овие два погодоци, нашето лево крило стигна до бројот на 300 постигнати голови во дресот на унгарскиот гигант.