Малашинскас не можеше сам, Израел во вториот дел обезбеди предност против Литванија

Репрезентацијата на Израел обезбеди предност на првиот бараж дуел против селекцијата на Литванија. На домашен терен Израелците со одлично второ полуреме забележаа победа од 28:24.

Литванија имаше добро прво полувреме и постојано водство, гостите имаа особено добро отварање на дуелот и во првите десетина минути поведоа со 1:6. До крај  првиот дел Израел успеа само да намали и на пауза да замине со негатива од три гола, 10:13.

Но во продолжението Израел влезе многу подобро и уште после само шест минути стигнаа до првото водство од 14:13. Во второто полувреме Израел имаше целосна доминација и контрола на играта и резултатот. Имаше највисоки шест гола позитива, но на крајот во Литванија ќе патувааат со четири гола предност.

Амиел Сиди беше прв стрелец во репрезентацијата на Израел со седум гола, додека по пет погодоци постигнаа Коен и Дајан. Во тимот на Литванија најефикасен беше Аиденас Малашинскас со 11 гола. Реванш дуелот се игра во недела со почеток во 15 часот.