Макрон ги одликуваше ракометарите, овие му подарија патики (ФОТО)

Олимписките шампиони, репрезентативците на Франција беа одликувани од страна на Претседателот на земјата за успехот кој го направија на игрите во Токио. Ракометарите беа дел од спортистите кои успеаја да стигнат до медал на Олимпијадата така што заслужија да добијат и одликување.

Триколорите по третпат станаа олимписки прваци, па ова беше знак дека треба да ги добијат сите почести. Мишел Гигу кој беше дел од трите титули доби одликување од рангот „Витез на Легијата на честа“ така што Франција покажа како треба една земја да се грижи за своите спортисти кои носат трофеи од големите натпреварувања.

Со оглед на тоа што Франција е домаќин на следната Олимпијада во 2024 година сите очекувања се тие да бидат главни фаворити и на следните игри, па дел од ракометарите кои беа златни во Токио да го одбранат трофејот.