Македонците со бодови во Бундес: Победа за Кузмановски, реми за Миркуловски

Дел од македонските интернационалци кои настапуваат во Бундес лигата денеска имаа добри настапи со своите тимови при што освоија бодови.

Хановер и Филип Кузмановски беа подобри од Мелсунген со 31:23 во дерби натпреварот за место во десетте екипи на табелата.

Екипата на Хановер во текот на целиот натпревар беше во водство и заслужено дојде до седмата победа. Репрезентативецот на Македонија, Филип Кузмановски, на овој натпревар не доби голема минутажа, па остана и без погодок.

Вецлар на Филип Миркуловски одигра интересен натпревар со екипата на Ерланген, а на крајот двете екипи ги поделија бодовите после ремито од 28:28. Миркуловски на овој натпревар имаше неколку асистенции.