Македонското трио го однесе ПАОК до трофеј во Купот на Грција (ФОТО)

Интернационалките од Македонија кои настапуваат во тимот на ПАОК дојдоа до победа од 26:24 против Верија во финалето од Купот на Грција со што успеаја да освојат нов трофеј.

Николиќ, Јовановска и Белеска одработија одлична средба и ги предводеа колешките во оваа победа, а заедно постигнаа дури 18 погодоци така што беа дефинитивно најдобро во редовите на победникот во Купот на Грција.

Марија Николиќ доминираше во нападот постигнувајќи убедливо најмногу голови, а натпреварот го заврши со девет погодоци. Шест гола имаше Андреа Белеска, додека Дајана Јовановска која обично е главна во одбраната успеа да дојде до три гола.

Со оваа победа ПАОК влегува во завршница од сезоната во која е фаворит и за титулата во првенството така што им се насмевнува уште една двојна круна.