Македонските клубови на средување импресии од есенската полусезона

Претстојниот викенд, со одигрувањето на последните натпревари од Првата лига, ќе завршат сите клупски активности во македонскиот ракомет за 2019 година.

Ракометната федерација на Македонија, односно комесарот за натпревари Славе Николов, закажа полугодишна конференција на клубовите од сите конкуренции.

Клубовите од Супер лигата, Женската лига, Првата лига, пионерска, кадетска и младинската лига во двете конкуренции, ќе имаат состанок во РФМ на 25 декември.

Ќе биде дискутирано за сработеното во есенската полусезона, а ќе биде разгледан и термин за стартот на пролетната сезона, како и за системот на натпреварување во Купот на Македонија.

Распоред:

11:00 часот, Прва лига
12:00 часот, Суперлига и Женска лига
13:00 часот, младински лиги
13:30 часот, кадетски лиги
14:00 часот, пионерски лиги