Македонска репрезентативка на чекор од групна фаза во Лигата на Европа

Репрезентативката на Македонија, која настапува во тимот на Дунареа Браила, Јована Саздовска се наоѓа на чекор од пласман во групната фаза во Лигата на Европа.

Таа со нејзините колешки денеска дојде до победа од 26:24 против екипата на Виборг во натпревар кој гоиграа на домашен терен.

Виборг одлучи двата дуели да ги одигра во Романија со што Дунареа Браила се најде во подобра позиција и првиот натпревар беше искористен за да биде забележана победа која може да биде и доволна доколку утре биде потврден овој триумф на реваншот.

Денеска Саздовска имаше солиден настап. Притоа имаше постигнато два гола од два обиди со што придонесе во оваа победа која е максимално важна во остварувањето на амбициите за влез во групната фаза. Покрај двата гола имаше и едно исклучување.

Втората средба ќе биде одиграна утре од 12:15 часот. Виборг ќе биде домаќин формално бидејќи и овој натпревар се игра во Романија.