Македонките во Турција го добија дербито против Измир на Јелиз Озел

Двете интернационалки од Македонија, Моника Јанеска и Ивана Гакидова заедно со екипата на Коњалти ја продолжуваат трката за титулата во шампионатот на Турција.

Коњалти во натпревар од 17. коло го доби дерби дуелот против Измир, славеше со четири гола разлика, 36:32 (18:16).

Јанеска и Гакидова повторно беа на ниво и натпреварот го завршија со по три постигнати погодоци.

Листата на стрелци кај Измир беше предводена од поранешната ракометарка на Кометал ЃП, Јелиз Озел.

Екипата на Коњалти се зацврсти на 2. позиција на табелата, стигна до 29 бода, бод повеќе има актуелниот лидер Кастамону, додека Измир се наоѓа на трето место со 24 бода.

За потсетување, тимот на Коњалти се наоѓа пред пласман во финалето од Европскиот Куп.