Блесок на Гакидова, Коњалти на чекор до европско финале!

Тимот на Анталија Коњалти, каде што играат двете македонски интернационалки Ивана Гакидова и Моника Јанеска, се наоѓа на чекор до финале во Европскиот Куп.

Коњалти славеше над словачкиот првак Јувента Михаловце со убедливи 31-24, иако на полувреме имаше само гол предност, 15-14.

Кружниот напаѓач Гакидова блесна на овој дуел и имаше шест гола од седум обиди, додека Јанеска беше стрелец на еден погодок.

Најдобар стрелец во турскиот тим беше некогашната вардарка, Алена Ихнева, која постигна 11 погодоци.

Реванш средбата од полуфиналето меѓу Коњалти и Михаловце се игра следниот викенд во Словачка.