Македонката беше централна фигура: Гичевска и Олној во втора рунда на францускиот Куп

Тимот на Олној Ајмери, каде што настапува македонската репрезентативка Леонида Гичевска, обезбеди втора рунда во Купот на Франција.

Во првото коло, Олној предводен од нашата ракометарка, стигна до убедлив триумф над Рен Метропол со 35-28.

Гичевска успеа да постигне шест погодоци од седум обиди на овој дуел и беше меѓу најзаслужните за триумфот.

Ривалот за третото коло ќе бидат познат дополнително, а следен предизвик за Македонката и нејзиниот тим ќе биде дуелот од Втората лига против истиот ривал што го елиминираа во Купот.