Македонија ќе тестира со Норвешка Б, Савевски повика 19 ракометарки!

Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски го објавува список на повикани ракометарки за претстојната ЕХФ недела што е на програмата од 26 септември до 2 октомври.

Женската сениорска репрезентација на Македонија во ЕХФ неделата ќе одигра два пријателски натпревари против Б селекцијата на Норвешка.

Првиот натпревар е од затворен тип и ќе се одигра на 29 септември. Вториот пријателски натпревар е закажан за 1 октомври во 16:00 часот. Натпреварот е од отворен тип и влезот за сите љубители е слободен.

Собирот е закажан за 26 септември со почеток во 13:00 часот во Хотел Александар Палас во Скопје.