Јужна Кореја е ривалот на Македонија во борбата за 27 место на СП

По триумфот над Мароко со 40-25, машката репрезентација на Македонија го дозна и последниот ривал на Мундијалот во Полска и Шведска.

Тоа ќе биде селекцијата на Јужна Кореја, која го освои второто место во групата 1 од Президент Купот по поразот од Чиле, а по победите над Саудиска Арабија и Уругвај.

Во групната фаза, азискиот претставник забележа три убедливи порази од Унгарија, Португалија и Исланд.

Натпреварот за 27 место на Мундијалот меѓу Македонија и Јужна Кореја ќе се игра на 25 јануари во среда од 18:00 часот во „Орлен Арена“ во Плоцк.