Македонија ЃП убедливо до три бода против Риниа-М

Екипата на Македонија Ѓорче Петров имаше убедливо издание против Риниа-М во натпревар од 7. коло во плеј-аутот од Првата лига и славеше сигурна победа со 39:25.

Домашниот тим добро отвори, но Риниа не дозволи уште на почетокот противникот да се одлепи.  После водството на Македонија ЃП од 5:2 гостите израмнија на 6:6. Долго се изграше гол за гол, а во финишот на првиот дел со серија од 7:0 домашните обезбедија убедлива предност на полувреме.

На одмор Македонија ЃП водеше 18:12, а веднаш на почетокот на продолжението стигнаа до двоцифрена предност која немаа проблеми да ја задржат до крај. Остатoкот од натпреварот беше формалност и екипата од Ѓорче Петров запиша нови бодови.

Предводник на Македонија ЃП до победата беше Иван Никодиновски кој постигна осум гола, по пет постигнаа Серафимовски и Јаневски. Во составот на Риниа М се истакнаа Исмаили со десет и Стојчевски со осум голови.