Македонија убедлива против младинките на Турција

По вчерашното реми со Италија, 29-29, женската репрезентација на Македонија прослави убедлива победа над младинската селекција на Турција со 37-19.

Избраничките на Симе Симовски триумфот го обезбедија уште по првото полувреме кога водеа со осум голови разлика, 20-12.

Симовски на оваа средба им даде  шанса на помладите во ростерот – Седлоска, Тасевска, Кипријановска, Калајџиевска…а тие ја оправдаа довербата.

Вечерва следи уште еден дуел во Анталија против сениорките на Турција, утре е слободен ден, а задутре ривал ќе ни биде Косово.