Македонија со шест екипи на европска сцена!

Денеска завршува рокот до кој националните федерации можеа да ги пријават екипите за настап во европските купови.

Во машка конкуренција Македонија ќе ја претставуваат четири екипи. За Вардар веќе е познато дека ќе биде дел од Лигата на шампионите, додека РФМ во Лигата на Европа ги пријави тимовите на Металург, Еурофарм Пелистер и Бутел Скопје.

Кај дамите, нашата земја ќе има само два преставника, иако можеше да има четири. Куманово откако не доби место во ЛШ аплицираше за Купот на ЕХФ, додека тимот на Чаир се пријави за учество во Лигата на Европа.

Сепак одлуката за настап на двете женски екипи ќе биде во рацете на ЕХФ и ќе дознаеме во кој куп и од кое коло ќе настапат на 21 јули.

До утре е рокот, кога сите екипи треба да ги достават пријавите во европската куќа на ракометот, а ждрепката ќе се одржи на 28 јули.