Македонија со четири тима во Европскиот Куп: Вардар ќе биде носител, Деспина доби вајлд-карта

Македонија ќе има четири претставници во женска конкуренција во европските купови. Откако шампионот Куманово се откажа од настап во Лигата на Европа, останаа честа на македонскиот женски ракомет да ја бранат Вардар, Металург, Чаир и Деспина.

Пријавени се вкупно 57 тимови, а 50 од нив ќе стартуваат во второто коло, додека останатите седум имаат директно место во третото коло.

Според рејтингот го објави ЕХФ, највисоката позиција ја има Вардар, на 15 место и ќе биде носител пред ждрепката.

Металург е рангиран на 38 позиција, Чаир на 50, додека прилепска Деспина е рангирана на 57 позиција. Сите овие три тима ќе биде во вториот шешир пред ждрепката закажана на 20 јули.

Натпреварите од второто коло ќе се играат на 16/17 октомври, односно 23/24 октомври.