Македонија – Португалија по цена од 100 и 200 денари!

Денес на пладне започна продажбата на билети за натпреварот од квалификациите за ЕП 2024 меѓу Македонија и Португалија.

Билетите ќе се продаваат во продажната мрежа на МК Тикетс и онлајн на веб-сајтот ТУКА. Продажната цена на билетите за натпреварот е 100 и 200 денари.

Македонија и Португалија првиот меч ќе го одиграат во Скопје на 9 март со очеток од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Реваншот меѓу двете селекции ќе се одигра три дена подоцна, на 12 март во Матосињос.