Македонија нема да игра на Мундијалот во Египет, ЕХФ ги откажа квалификациите!

Европската ракометна федерација покрај одлуките за европските купови, донесе одлука да ги откаже и квалификациските бараж натпревари за место на Мундијалот во Египет 2021 година.

Според тоа, машката сениорска репрезентација на Македонија нема да игра против Франција ниту во јули, а местата на Мундијалот, ЕХФ ги додели според рејтингот, односно според пласманот на последното Европско првенство.

Таму Македонија беше на 15 место и за влакно не успеа да обезбеди место на СП, бидејќи Франција која беше место погоре се пласираше.

Сепак останува надежта дека Македонија како најдобро пласирана репрезентација од ЕП што нема место на Мундијалот, може да добие вајлд-карта.

Од Европа на СП се пласираа Данска, Шпанија, Хрватска, Норвешка, Словенија, Германија, Португалија, Шведска, Австрија, Унгарија, Белорусија, Исланд, Чешка и Франција.