Македонија на 29 јануари ќе ги дознае ривалите во баражите за Мундијалот во 2023

Откако беше познат пласманот на селекциите од 13 до 24 место на ЕП, веќе е познато кои од нив ќе играат во првиот бараж, а кои имаат обезбедено место директнот во вториот бараж за Мундијалот во Полска и Шведска следната година.

Селекциите од 16 до 24 место, меѓу кои и Македонија која заврши на 22 место, ќе бидат во првиот шешир односно во делот на носители пред ждрепката. Таа ќе се одржи во Будимпешта со почеток во 13:30 часот.

Нивни можни ривали се селекциите на Швајцарија, Романија, Грција, Белгија, Финска, Естонија, Израел, Фарски Острови и Италија. Двомечот од бараж 1 ќе се игра кон средината на март.

Победниците од бараж 1 ќе се најдат во шеширот 2, односно оној на неносители и ќе играат со шест селекции пласирани од 4 до 12 место на ЕП 2022, со исклучок на Полска, Шведска и Данска, плус Србија, Чешка и Унгарија.

Репрезентациите што ќе освојат медали на ЕП 2022 директно одат на Мундијалот, а останатите девет места за Европа ќе се пополнат преку баражите.

Квалификации за СП 2023:

Бараж 1, 14-20 март

шешир 1: Украина, Босна и Херцеговина, Македонија, Литванија, Словенија, Португалија, Белорусија, Австрија, Словачка

шешир 2: Швајцарија, Романија, Естонија, Финска, Израел, Фарски Острови, Италија, 

Бараж 2, 11-17 април

шешир 1: Србија, Чешка, Унгарија + плус шест од следните девет репрезентации – Исланд, Русија, Црна Гора, Хрватска, Норвешка, Франција, Холандија, Шпанија, Германија

шешир 2: девет победници од бараж 1