Македонија има контрола над Чиле, со плус четири замина на одмор

После 30 минути игра на контролната средба против Чиле, репрезентацијата на Македонија има водство од 15:11.

Испитувњето на силите траеше десетина минути во кои Македонија имаше постојана предност од еден гол. Чилеанците успеваа да се одржат и да израмнуваат, но не можеа да направат нешто повеќе за да дојдат до пресврт.

После десетте минути во испитување на силите, дојде клучниот момент кога Митревски влезе во мала серија и успеа да запре неколку удари. Одбраната заврши добра работа, а во нападот се искористија шанси за да се направи 4:0 и во 16. минута да се има 8:4.

Овие четири гола предност беа доволни да може во продолжение да се игра посмирено и да се има постојано водство од 3-4 погодоци. Имаше простор за замени и шанса на повеќе ракометари, а се ротираше на сите позиции освен на голманската и пивотменската.

Во првите 30 минути најефикасен е Жарко Пешевски кој успеа да постигне пет гола. По двапати прецизни беа Кузманоски, Костески, Маџовски и Серафимов, а по еден гол имаат Танкоски и Георгиевски. Во редовите на Чиле најефикасен е Естебан Салинас со четири погодоци.