Македонија досега играла 13 пати против Данска, Швајцарија и Финска – има пет победи и едно реми!

Машката сениорска репрезентација на Македонија ќе игра против Данска, Швајцарија и Финска во квалификациите за пласман на Европското првенство 2022 година во Унгарија и Словачка.

Се чини дека можевме да поминеме и полесно, но и против овие ривали имаме шанси да се бориме за место на континенталниот собир.

Против Финска, Македонија играла два пати и има еден кикс на гостувањето, пред 16 години, кога одигра само реми. Со Швајцарците имаме одиграни шест официјални меча, во кои на последните четири имаме чисти победи.

Против Данците, традицијата е лоша. Со нив досега сме играле само на големи натпреварувања, а најблиску до бод бевме на историскиот меч на ЕП во Србија пред осум години, кога загубивме во последната секунда. Скандинавскиот ривал забележа четири убедливи победи на другите меѓусебни натпревари.

Македонија ги стартува квалификациите со домашен меч против Финска, следува гостување во Швајцарија, а во март следната година е двомечот со Данска. Во финалниот циклус, ќе играме на гости во Финска и дома со Швајцарија.

Меѓусебни средби со Финска, Швајцарија и Данска:

21.01.2004, квалификации за СП, Македонија – Финска 36-30
25.01.2004, квалификации за СП, Финска – Македонија 30-30

15.01.2003, квалификации за ЕП, Македонија – Швајцарија 24-31
19.01.2003, квалификации за ЕП, Швајцарија – Македонија 34-30
31.10.2012, квалификации за ЕП, Македонија – Швајцарија 30-24
12.06.2013, квалификации за ЕП, Швајцарија – Македонија 22-27
29.10.2014, квалификации за ЕП, Македонија – Швајцарија 27-20
10.06.2015, квалификации за ЕП, Швајцарија – Македонија 17-26

25.01.2009, СП Хрватска, Данска – Македонија 32-24
21.01.2012, ЕП Србија, Данска – Македонија 33-32
18.01.2013, СП Шпанија, Данска – Македонија 33-30
12.01.2014, ЕП Данска, Данска – Македонија 29-21
24.01.2018, ЕП Хрватска, Македонија – Данска 20-31